При претрес во домот на лице од Битола пронајдени се речиси 1500 парчиња пиротехнички средства.
Од страна на полициски службеници од СВР Битола денеска по обезбедена наредба од Основен суд Битола, извршен е претрес во домот на Ф.Ф. од Битола. При извршениот претрес пронајдени се 1488 парчиња различни видови пиротехнички средства. Предметите од страна на полициските службеници се одземени, а со Ф.Ф. е извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.