При претрес во домот на четириесет и четири годишниот Д.Л. од Велес, полицијата пронајде дрога. Велешанецот вчера е лишен од слобода.
– Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Д.Л.од Велес. При претрес во неговиот дом во Велес, извршен по наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени пакување со марихуана и дигитална вага, велат од МВР.
Лицето е приведено во Полициската станица во Велес и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.