Приведено младо лице кај кого е пронајдено марихуана. Имено, вчера попладне во 15.00 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода 21-годишниот А.А.Г. од Скопје.
– При претрес во неговиот дом на подрачјето на Аеродром, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана, соопшти МВР.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.