При оделни полициски акции во Прилеп и Велес била пронајдениа дрога. Двете лица каде што е пронајдена дрогата се уапсени.
– На 14.11.2023 во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола-Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Прилеп го лишиле од слобода Д.Н.(45) од Прилеп. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја. Исто така вчера, во 10 часот, во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А. Ш. (43) од Велес. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага, информираат од МВР.
Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.