Претрес во Радовиш, пронајдена дрога

На 01.12.2023 во Радовиш, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишија од слобода Н.Б.(32) од Радовиш. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени марихуана, дигитална вага и дробилка.

За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестЛазаров: Имав повисока понуда од Вардар, ама Барселона беше исполнување на сонот
Следна вест(Видео) Автомобил удри во мечка кај Тетово,полесно повредени децата во возилото