Скопјанка е притворена откако полицијата во нејзиниот стан најде различни видови дрога подготвени за недозволена трговија.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на својот Фејсбук профил објави дека по претходно добиени оперативни сознанија и обезбедена судска наредба за претрес, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје извршија претрес во дом на Р.Џ. (54) во Скопје.
-При претресот пронајдени се: 73 паковки со марихуана, 56 паковки со кафеава прашкаста материја, 13 паковки со бела прашкаста материја, 14 таблети, една голема кеса со кафеава прашкаста материја и пари во различни апоени со вкупна вредност од 9060 евра и 14100 денари, наведе во објавата Тошковски.
Р.Џ. е лишена од слобода заедно со М.А. (37) од Скопје.
Против Р.Џ. е поднесена кривична пријава по брза постапка, а од судија на претходна постапка и е определена мерка притвор во траење од 30 дена во КПУ Затвор Скопје.