Претрес во скопски Чаир, уапсени две лица поради дрога

Вчера уапсени се две лица на подрачјето на Чаир. При претрес кај нив била пронајдена марихуана бела прашкаста материја, и предмет за кој постои сонеж е украден.

– Вчера во 16.10 часот на подрачје на Чаир, во заедничка и координирана акција, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје и Единиците за интервентна полиција и за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје ги лишиле од слобода М.Г.(40) и Г.Ѓ.(32), двајцата од Скопје.

При преглед кај нив, кај М.Г. била пронајдена и одземена марихуана.

Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на Г.Ѓ., при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и предмет за кој постои сомнение дека потекнува од кривично дело „кражба“, информираат од МВР.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветни пријави.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ ќе му овозможат на „Пуцко Петрол“ да направи бизнис од 600 милиони евра, Јакимовски е нивни изведувач
Следна вестПремиерот гледа ли? Секој ден има нов сериозен аргумент дека Владата не треба да го даде ХЕЦ „Чебрен“ под концестија