Претседателката Сиљановска Давкова нема намера да го свика Советот за безбедност по информациите на премиерот Мицкоски за можна дестабилизација на државата во организација на ДУИ наесен. Таа денеска изјави дека не гледа дека заканите се реалност.
-Индиции за дестабилизација е едно, закани за дестабилизација се друго, но реалноста е поинаква. Зошто реков дека нема да свикам седница на Советот за безбедност? Затоа што во ова време невреме, кога треба да се справуваме со пожарите како стихија, ние се соочуваме и со „закани“. Не гледам дека во моментот тие се реалност. Затоа реков кусо дека немам намера да свикам Совет за безбедност, изјави Сиљановска Давкова.