На гробот на Гоце Делчев не отидоа ниту премиерот Џафери од ДУИ, ниту претседателот на Собранието Митрески од СДСМ

Шефот на државата, Стево Пендаровски, утрово положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје.

Цвеќе положи и делегација на техничката Влада, предводена од првиот вицепремиер задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, во чиј состав се министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска и заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи. Новиот технички премиер, Талат Џафери од ДУИ не се појави.

Присутна беше делегација на Собранието, но предводена од потпретседателот Горан Мисовски. Во состав на делегацијата се Марија Георгиевска и Велика Стојкова-Серафимовска. Новиот собраниски спикер, Јован Митрески, не отиде на гробот.

Почит на Делчев му одадоа и поранешниот премиер и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски, поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан, претставници на дипломатскиот кор, како и претставници на повеќе политички партии и граѓански здруженија.

Претходна вестДрама во Тафталиџе: Скопјанец демолирал деловен објект, искршил возило и нападнал полицајци
Следна вестУтре масовни протести на студентите пред Министерството за образование