Претседателски избори во Романија

Романија избира нив претседател. Право на глас имаат нешто повеќе од 18 милиони граѓани.

Според анкетите, од 13 кандидати за претседател, најголеми шанси имаат премиерот Марсел Чолаку, кој е поддржан од Социјалдемократската партија и лидерот на десничарската Алијанса за обединување на Романците, Џорџ Симион. 38-годишниот Симион се претставува како следниот европски лидер, својата партија ја нарекува „трампистичка“ и се противи на испраќање воена помош за Украина.

Изборите доаѓаат во време кога земјата се соочува со бројни притисоци поради војната во соседството.

Претходна вестПаднаа скопски дилери- полицијата со полни раце работа
Следна вестДете фатено со марихуана во Карпош