Преземени се мерки против лицата кои работеле против македонско-бугарските односи

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека се преземени мерки за лицата кои работеле против макеоднско-бугарски односи за што во неделата на брифинг говореше министерот за надворешни Бујар Османи.

-Со министерот за надворешни работи од првиот ден имавме информација за тоа што се случи и тоа беше предадено на службите за безбедност што се задолжени за таа проблематика. Детали не можам да откривам, бидејќи се работи за класифицирани информации. Премиерот Кирил Петков даде јавна изјава дека постојат лица кои работеле против нивните интереси (интересите на Бугарија), а потоа и против добрососедските односи и против постигнувањето на евентуален договор. Како што е познато, во Бугарија има истрага, а јас немам причини да не му верувам на премиерот на Бугарија бидејќи тој тоа многу транспарнентно го соопшти во обем на кој може да се соопшти, бидејќи се работи за класифицирани информации и истрага. За нашите службеници преземени се активности, но не можам да ви кажам други детали, изјави премиерот Ковачевски на прес – конференција во Битола.

Претходна вестУапсен Скопјанец кој извршил пет тешки кражби во домови
Следна вестОблачно и врнежливо, во среда краткотрајна стабилизација