При контрола на Бит Пазар, две од пет менувачници работеле на црно

Менувачници на Бит Пазар работеле без дозвола и документација. Ова било откриено при контролата на полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат.

Била извршена контрола во пет менувачници со Старата скопска чаршија на подрачјето на Бит Пазар.

– При контролата било констатирано дека две менувачници не поседуваат никаква документација за регистриран правен субјект, ниту дозвола за менувачко работење од Народната банка на Република Северна Македонија, соопштија денеска од МВР.

Против сопствениците на двете менувачници, од Државниот пазарен инспекторат ќе биде изготвен соодветен поднесок.

Претходна вестНалепниците НМК на табличките со три броја ќе се лепат пред имињата на градовите
Следна вестХаос во Америка, сите очи вперени во „Х“ датумот