При претрес кај велешанец пронајдена дрога

При претрес кај велешанец била пронајдена марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

– На 16.11.2023 во Велес, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при МВР во координација со Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од слобода Г.Ш.(44) од Велес.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. За настанот бил известен јавен обвинител, лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

Претходна вестГрад Скопје набави специјално адаптирани возила за деца и лица со потешка телесна инвалидност
Следна вестМилијарди долари се слеваат во Русија, санкциите повеќе му наштетуваат на Западот