СВР Охрид поднесе кривична пријава против 42-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „овозможување употреба на наркотични дроги“.
– При претрес во неговиот дом, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид пронајдоа и одзедоа марихуана. Исто така, при претресот било констатирано дека пријавениот на лице од Охрид му овозможил да користи марихуана во неговиот дом, информираат од МВР.