Пријава за штипјанка која наместо да седи во самоизолација, пазарувала во маркет

Штипската полиција поднесе кривична пријава против жена на возраст од 72 години, со иницијали Д.И., поради сомнение за сторено кривично дело – непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Како што информираат од МВР, на 13. декември минатата година пријавената постапила спротивно на решението за самоизолација, издадено од Државен санитарен и здравствен инспекторат и го напуштила местото на самоизолација при што отишла да пазарува во продавница во Штип.

Претходна вестПоднесена кривична пријава за фалсификување исправа
Следна вестСедуммина починати и 325 новозаразени од вирусот