Прилепчанец ќе одговара кривично, поради напишан коментар на објава на Фејсбук. Со него поттикнувал насилство и омраза, велат од МВР.
– СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ц.Б.(38) од Прилеп поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, информираат од МВР.
Според МВР тој, по објава од еден портал на социјалната мрежа Фејсбук, напишал коментар со кој промовирал и поттикнувал омраза и насилство.