Прилепчанец загина откако со возилото излетал од патот кон Крушево

Во 11.28 часот вчера во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Крушево, кај место викано „Бегова ливада“, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(59) од Прилеп излетало надвор од коловозот.

Од здобиените повреди на местото починал возачот, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Прилеп.

Претходна вестНародната банка ги намали проекциите за раст на економијата, годинава на 2,3 отсто, вгодина на 3,3 проценти
Следна вестБожиновска: Има 24 дена за да се подигнат 6.100 ваучери, нема потреба да се чека толку во ред