Посебни и специфични правила за учениците вовела прилепската гимназија „Мирче Ацев“. На интернет – страницата на училиштето пред неколку дена се објавени забраните на коишто учениците треба да се придржуваат кога доаѓаат во училишната зграда.
Во објавата е наведено дека се работи за Правилата за надворешниот изглед на учениците
-Правилата за надворешниот изглед на учениците во гимназијата, добија визуелен формат. Со плакат, поставен на влезната врата и низ ходниците на училиштето, учениците се потсетуваат дека треба да се придржуваат до правилата од Кодексот за однесување и надворешен изглед, стои на веб-страницата на Гимназијата.
На плакатот со слика и збор е наведено какви се забрани треба да ги почитуваат учениците.
-Во училиштето е забрането да се носат долги нокти, хеланки, шорцеви, кратки панталони и маичци, маици на прерамки, искинати фармерки и панталони, тренерки и кратни здолништа…
На училишната веб-страница е наведен и Кодексот на однесување на учениците. Во него се наведени и овие обврски:
– Учениците се должни на часот (независно дали е со физичко присуство или учење од далечина), да бидат уредно облечени горен дел пристоен изглед – маичка/блуза/дуксер, долен дел фармерки/панталони/сукња со пристојна должина. Со својот пристоен изглед нема да се издвојуваат од средината. Во спротивно, нема да бидат примени на настава независно (дали е со физичко присуство или учење од далечина).
– Дозволена должина на здолништа е до и под колена, а на панталони исклучиво долги.
– Секој ученик да внимава на својата фризура за време на настава, без разлика дали е со физичко присуство или учење од далечина, (женските со уредна и прибрана фризура без разлика на должината на косата, без шминка и лакирани нокти, а кај машките без долга коса, репче и брада)…