Во ковид-центрите во Скопје последните 24 часа се хоспитализирани 32 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. За ова информираат од Министерството за здравство.
Од таму додаваат дека вкупно 486 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
-Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 20 приеми и тоа тројца пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за нефрологија, двајца во ковид-центарот на Клниката за неврологија, пет болни се хоспитализирани на ОРЛ, осум пациенти на Клиниката за гастроентерохепатологија и двајца на очната клиника. Во ковид-центарот во ГОБ 8 Септември имало пет нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се примени осум пациенти, посочуваат од ресорното министерство. и нагласуваат дека
Во 24 часа дома се пуштени 12 оздравени пациенти.
Од 486 ковид-пациенти кои се сместени во скопските болници, голем дел се на кислородна поддршка.
И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 30-тина слободни места, а се очекува во текот на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.