Темно Режим Светло Режим

Притвор за двајцата албански државјани кои беа фатени со два килограми марихуана

Двајцата албански државјани кои вчера полицијата ги приведе заради поседување наркотици, од денес се во притвор. Мерката им ја изрече судија на претходна постапка од Основниот суд Гостивар.

На Џ.С. (21) и А. М. (19) им е определена мерка притвор од 30 денови, поради сомнение дека сториле кривично дело трговија со наркотици.

Од полицијата информираат дека вчера полициски службеници во Гостивар на улицата “Боге Велјаноски” при контрола, во ранец нашле два килограми марихуана и првин го лишиле од слобода Џ. С. а подоцна и М.А.(19), кој при контролата физички нападнал еден од полицајците и се дал во бегство. Во потрагата во која соработувале СВР Тетово и СВР Охрид М. А. е лишена од слибида, а дополнително била пронајдена уште една полиетиленска ќеса со марихуана.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

283 казни поради неносење на маска

Следниот Пост

Заев телефонски му посакал здравје на Борисов и се договориле пак да се слушнат