Во текот на вчерашниот ден јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес поради постоење на основано сомнение дека 61 годишниот жител на с. Подлес, Градско е сторител на кривичните дела Убиство, Убиство во обид и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против него.
Ценејќи дека постојат околности што укажуваат дека осомничениот може да побегне, дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоци и вештаци, како и дека може да го повтори делото, до судијата на претходна постапка при Основниот суд Велес достави предлог за определување на мерка притвор против осомничениот. Судијата го прифати предлогот на обвинителството и со Решение определи притвор во траење од 30 дена.