На насилникот кој ја тепаше и гризеше сопругата пред влез од зграда му е предложен притворот. Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена претходна постапка, поднесе Обвинителен предлог против 25-годишниот скопјанец осомничен дека на 3 октомври, во Кисела Вода, сторил кривично дело – Телесна повреда спрема неговата сопруга.
– Обвинетиот дошол пред влез на зграда на улицата „Пушкинова“ и најпрво со висок тон започнал да ја навредува оштетената. Потоа и физички ја нападнал, ја влечел за косата, ја изгребал, ја гризнал и ја зграбил за вратот, нанесувајќи и телесни повреди. И го одзел телефонот, упатувајќи закани дека ќе ја убие и ќе избега со нивната заедничка ќерка. Жртвата успеала да се оттргне и да избега од местото, засолнувајќи се во влез од зграда, се вели во соопштението на Обвинителството.
Јавниот обвинител до Основиот кривичен суд Скопје достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.