Притвор заради трговија со дрога

Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 29 – годишен жител на село Дуброво, Неготино, поради основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Неовластено протизводство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

При претрес на домот и помошните простории во местото каде живеел осомничениот, извршен на 5 ноември 2020 година, овластени службени лица пронашле 39.533,4 грама наркотична дрога марихуана. Дрогата која осомничениот ја подготвил за продажба, била спакувана во 41 пакување во најлонска фолија, залепени со бела трака и скриени на повеќе места во близина на домот на осомничениот, во помошна просторија – шупа.

Поради постоење на околности кои укажуваа дека притворот е неопходен за непречено водење на кривичната постапка, постоње на околности кои укажуваа на опасност од бегство и страв дека осомничениот ќе влијае на сведоци или пак ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд достави предлог на осомниченото лице да му биде определена мерката притвор. Судијата на претходна постапка од Основниот суд Кавадарци го прифати предлогот на обвиниетлството и со Решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Претходна вестПолицијата санкционира 353 возачи во Скопје
Следна вестЗаврши одбележувањето на „Денови на Општина Центар“