Приведено е едно лице осомничено дека крадело од автомобили, соопшти полицијата.
Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар, Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, со Наредба на Основен кривичен суд Скопје, извршиле претрес во домот на Е.Н.(20) од Скопје.
Тој се сомничи дека извршил кривични дела „тешка кражба“ во возила и при претресот биле пронајдени повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела.
Лицето било приведено во полициска станица и со него бил извршен службен разговор, а во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. Тој бил изведен пред судија на претходна постапка, кој му одредил мерка притвор.