Во притвор е ставен 45-годишен скопјанец откако е осомничен дека на подрачјето на Куманово продавал дрога хашиш.
– Осомничениот, на 1 септември, на локалниот пат село Никуштак – Куманово, во атарот на селото Никуштак, неовластено заради продажба држел наркотична дрога хашиш. Тој на наведената локација застанал и излегол од својот автомобил, при што во неговата десна рака држел две најлонски пакувања во кои имало хашиш со вкупно нето маса од 306,24 грама. Во тој момент бил затекнат од полициски службеници кои извршиле личен преглед и ја пронашле и ја заплениле дрогата, се наведува во соопштението на Основното јавно обвинителството од Куманово.