Седум лица од тетовското село Боговиње завршиле во притвор поради физичка пресметка.
-Б.М.(42), А.М.(53), З.М.(41), Е.Б.30), И.Б.(29), Ќ.Б.(58) и В.Б.(32), сите од с.Боговиње, тетовско, го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка во која користеле тврди и остри предмети. Тие биле задржани во полициска станица за расчистување на случајот, соопшти полицијата.
Подоцна, при претрес извршен во домот на Ќ.Б.(58), биле пронајдени гасен пиштол, куршуми и нож.
-По документирање на случајот против пријавените ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, најави МВР.