Приватните превозници го бојкотираа и вториот јавен оглас на Град Скопје

Ниту еден приватен автобуски превозник не се пријавил и на вториот јавен оглас на Град Скопје за одржување на неколку автобуски линии на градското подрачје. Денеска истече рокот за пријавување за одржување на линиите 9, 11 и 12, а пред една недела заврши без пријавени возачи и огласот за линиите 20 и 22.

Кемал Муриќ од „Слобода превоз“ изјави дека никој од нивните членови не е пријавен.

-Не се пријави никој, ја чекаме средбата со премиерот Димитар Ковачевски, рече Муриќ.

И Милорад Димитријевски од „Макекспрес превоз“ информира дека и нивните членови го бојкотираа огласот.

-Очекувано е ниту еден од возачите на „Макекспрес превоз” нема да не се пријави на новите повици на Град Скопје за приватни автобуски превозници. Тоа е зашто до сега имавме многу лоша соработка со Градот, рече тој.

Приватните превозници тврдат дека договорите за одржување превоз им биле незаконски раскинати и очекуваат со одлука на Влада да бидат вратени во системот на јавниот градски превоз, а за долгот кој ЈСП го има кон нив да се договорат по пат на медијација, како ќе им биде исплатен.

Претходна вестНаскоро се укинува роамингот меѓу земјите од Западен Балкан и ЕУ
Следна вестПријавен тренер по карате, им покажувал експлицитни фотографии на малолетнички, ги терал да сликаат мало девојче!