Приведен 23-годишник од Гевгелија, криумчарел мигранти од Непал

Четири мигранти од Непал биле пронајдени во „мерцедесот“ на 23-годишен гевгеличанец. Против него ќе биде поднесена кривична пријава.

– Вчера вечер во 19.50 часот на автопатот Граничен премин Табановце- Куманово, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода 23-годишниот Д.С. од Гевгелија. При преглед во патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени четири лица мигранти од Непал, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестКолку од ветените 100.000 дрвја сега Арсовска ќе посади и дали потоа тие ќе се чуваат и наводнуваат?
Следна вестТупанчески, Жерновски и Насев нови амбасадори во Белград, Букурешт и Пекинг