Приведен 45-годишник баран со потерница, кај него пронајден пиштол

Полициски службеници од Оперативен тим и ОКР Ѓорче Петров при СВР Скопје во содејство со САЕ „Тигар“, по претходно добиена оперативна информација, во близина на училиштето во скопското село Грчец, денеска околу 11.40 часот го лишија од слобода Иљаз Муареми, на возраст од 45 години. Тој бил баран со меѓународна потерница по наредба на ОЈО за ГОКК, а во врска со член 215 од КЗ на Република Северна Македонија со определена мерка притвор во траење од 30 дена, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.

– Муареми, кој бил со четирицикл, се обидел да избега и притоа удрил во службено возило на МВР, но, набргу бил совладан од полициски службеници и лишен од слобода. Притоа, кај него е пронајден и одземен пиштол „валтер“ и рамка со 15 куршуми, се појаснува во соопштението на МВР.

Како што се додава, тој ќе биде предаден на надлежното обвинителство

Претходна вестКвалификации ЕУРО2024: Утре почнува продажба на влезници за гостувањето на Италија
Следна вестИзвлечени двојките за воведното коло во македонскиот фудбалски Куп