Вчера во 20.50 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода 32-годишниот В.А. од Република Албанија.
-При преглед и контрола на автобус со албански национални ознаки, со кој се превезувал на релација од Албанија до Италија, В.А. бил селектиран за дополнителна контрола, при што во неговиот багаж биле пронајдени три кеси со 3622 монети со археолошка вредност, различни по форма, вредност, големина и потекло, соопшти МВР.