Приведен дилер од Сопиште, запленета дрога вредна 20.000 евра

Едно лице е проведено по полициската акција која денеска е спроведена на подрачјето на општина Соопиште, информира МВР.

– Денеска (31.08.2023) полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена трговија, по претходно добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје, извршиле претрес во дом кај Д.Ц. (38) во с. Добри дол, општина Сопиште. При претресот пронајдени се четири кеси со околу четири килограми марихуана, вредна околу 20.000 евра, се наведува во информацијата.

Д.Ц. е лишен од слобода и задржан во полициска станица и против него по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка.

Претходна вестИзречени 230 казни, 46 за пребрзо возење, 22 за возење без дозвола…
Следна вестПратениците се враќаат на работа: Сега ќе и тргне на Македонија на подобро?