Приведен кичевец кој се обидел да подигне брз кредит со туѓа лична карта

Вчера на булеварот Ослободување во Кичево, полициски службеници го приведоа А.Е.(28) од кичевското село Аранѓел.

Тој, со лична карта на друго лице и без добиена согласност, се обидел од кредитно друштво во Кичево да подигне кредит и на тој начин да се стекне со протиправна имотна корист.

При преглед кај него, полициските службеници ја пронашле и одзеле личната карта. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестВладата ја усвои Новата Национална стратегија за правата на лицата со попреченост
Следна вестЗаеднички пат причина за двојното убиство во Челопек, сторителот се обидел да убие уште четири лица