Приведен Косовец со фалсификувани документи

На Граничен премин “Меѓународен аеродром“ Скопје вчера полицијата го привела Л.К.(20) од Косово бидејќи по извршената проверка било констатирано дека, словенечката патна исправа и лична карта кои пријавениот ги приложил се фалсификувани.

При извршениот преглед во неговиот багаж била пронајдена и фалсификувана словенечка возачка дозвола на негово име, за кои пријавениот изјавил дека ги набавил од лице во Косовска Митровица Лицето е предадено на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија – Скопје и за настанот бил известен јавен обвинител за понатамошна постапка.

Претходна вестВо ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 38 пациенти, а вкупно се лекуваат 491 болен
Следна вестШкендија ја освои Струмица, Вардар испушти 2:0 против Македонија