Приведен крадец во Битола, одземеното вратено на сопственикот, следува пријава

На 15.06.2024 во 01.30 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Е.А.(33) од Битола, соопшти МВР.

-Тој се сомничи дека во периодот од 22 до 24.00 часот на 14.06.2024 одзел патничко возило „тико“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на З.Т.(48) од Битола. Возилото било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицето било приведено во полициска станица, топенцираа во соопштението.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од МВР.

Претходна вестБесплатни прегледи на бенки и промени на кожата денес во Градски парк во Скопје
Следна вестПоради хероин: Кривична пријава против две лица