Приведен крадец во Битола, украденото вратено на сопственикот

Денеска од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола извршен е претрес на улицата „Ваташа“ во Битола во дом и простории кои ги користи 41-годишниот Г.Т. од Битола, извести МВР.

При претресот се пронајдени предмети кои биле одземени при извршено кривично дело тешка кражба, велат од Министерството.

– Лицето е лишено од слобода, а пронајдените предмети се вратени на сопственикот. По документирање на случајот, против Г.Т. ќе биде поднесен соодветен поднесок, се додава во соопштението на МВР.

Претходна вестОграбена обложувалница во Скопје
Следна вестКривична против 23-годишник од Турција, на скопскиот аеродром дал фалсификуван британски пасош