Во 11 часот, по претходно добиени оперативни сознанија, полициски службеници од ОВР Кичево при СВР Охрид го привеле М.К. (33) од Прилеп поради основано сомнение дека е извршител на тешки кражби во станови и куќи.
При тоа, во неговото возило „фиат пунто“ пронајдени се предмети поврзани со кривичните дела. М.К. е задржан во ПС Кичево и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.