Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје вчера во 14:35 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје го лишиле од слобода С.Л.(37) од Скопје, кој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.
Како што информира МВР, лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната