Проведено е лице кое ограбувало граѓани во Скопје, соопшти денеска МВР. Во информацијата се наведува дека вчера во 11.50 часот на ул.„Мајка Тереза“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.О.(43) од Скопје.
-Тој се сомничи дека неколку минути претходно со употреба на сила одзел златен накит од Н.А.(49) од Скопје. Исто така, тој се сомничи дека на 02.03.2022 на ул.„11-ти Октомври“ во Скопје извршил тешка кражба на дрзок начин над В.Д. од Скопје. Тој бил приведен во полициска станица, а одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците, наведува полицијата.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.