Приведен криминалец баран со потерница

Полициски службеници на СВР Тетово денеска попладне, околу 16 часот, на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, по распишана потрага и со судска наредба, го привеле 43-годишниот тетовец Д.М., осуден на едногодишна затворска казна за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик, извести МВР.

Набргу, Д.М. е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово за издржување на казната, соопшти МВР.

Претходна вестММФ годинава предвидува раст на светската економија од 3,1 проценти
Следна вестКисела Вода го асфалтираше потегот околу црквaта „Свети Спас” во Драчево