Во 12.15 часот, во с. Арачиново, Скопско, полициски службеници од Оперативниот тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф. К. (54) од с. Арачиново. Тој ќе биде вратен во затвор.
– Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Казнено-поправната установа „Затвор Идризово“ за издржување казна затвор од пет години и девет месеци, информираат од МВР.
Лицето ќе биде предадено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.