Приведен криумчар на мигранти од Студеничани, пронајдени 10 Сиријци

Вчера вечер во 20.00 часот на регионалниот пат Демир Капија – Неготино, пред влез во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода 20-годишниот О.Р. од село Студеничани, скопско. Тој е уапсен поради криумчарење на мигранти.

– Имено, околу 15.15 часот на автопатот А1, на делницата Демир Капија – Неготино, во близина на место викано „Острово“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово забележале патничко возило „волво“ со скопски регистарски таблички од друго возило, кое излетало од патот, а возачот го напуштил местото. Во близина на возилото биле пронајдени 10 лица мигранти од Сирија. По преземени мерки и активности на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово и полициски службеници од ОВР Неготино, малку подоцна, возачот бил пронајден и лишен од слобода, соопшти МВР.

Тој бил задржан во полициска станица, а мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија. Против О.Р. денеска ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Претходна вестМинистерството за здравство: Лага е дека надлежните не ги преземаат сите мерки и дека се шири треската
Следна вестУапсениот за убиството во „Шиша бар” учествувал во купувањето на автомобилот искористен за ликвидацијата