Темно Режим Светло Режим

Приведен напаѓачот кој го повреди докторот на Клиника за токсикологија

Приведено е лицето кое вчера попладне го нападнало и го повредило докоторот на Клиника за токсикологија, потврди полицијата.

Се работи са 32 годишниот С.И. од Скопје против кого, според Министерството за внатрешни работи, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Инцидентот се случил вчера попладне кога С.И. дошол со своето малолетно дете за да побара лекарска помош. Откако дежурниот лекар му рекол дека детето треба да се однесе на Педијатрија, таткото го нападнал лекарот кој завршил со расекотини и хематом на главата. Потоа лекарот бил пуштен на домашно лекување.

Advertisement

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Сончево со умерена облачност

Следниот Пост

Се прославува Мала Богородица, денот на раѓањето на Пресвета Богородица Марија