Приведен радовишанец осуден на шест години затворска казна

На 02.12.2023 во 20.00 часот во Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода Ј.Ш.(31) од Радовиш.

Тој бил осуден на казна затвор од шест години за сторено кривично дело по член 188 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за доиздржување на две години од казната.

Лицето е предадено во Казнено – поправната установа Затвор Струмица за доиздржување на казната.

Претходна вестПриведен скопјанец кој запалил автомобил во Скопје
Следна вестАрсовска на Самитот COP28 ја презентираше биотехнолошката лабораторија на Град Скопје