Приведен разбојник осуден на казна затвор од седум години

Денеска во 15.15 часот на ул.„Славеј Планина“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода М.А.(46) од Скопје.

За него била распишана централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од седум години за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната, соопшти полицијата.

Претходна вестУтре без струја и вода делови од Општина Центар, Визбегово и село Никиштани
Следна вестРакометарите поразени на вториот тест од Црна Гора