Приведен скопјанец кој се самозадоволувал пред малолетничка од Охрид

Лишен од слобода е скопјанец кој се самозадоволувал пред малолетничка во Охрид, соопшти МВР.

Во соопштението се наведува дека на 1-ви септември 2022 година, во 02:20 часот на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода 24-годишниот М.С. од Скопје.

– Тој се сомничи дека на 31-ви август 2021 година, околу 21:45 часот на улицата „Даме Груев“ во Охрид се соблекувал и самозадоволувал пред малолетничка од Охрид. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од полицијата.

Претходна вестГраѓаните да не ги плаќаат августовските сметки за парно, Регулаторна бара БЕГ да ги сторнира
Следна вест169 нови позитивни случаи на Ковид-19, почина едно лице