Полицијата заплени дрога вредна над 800.000 евра, а приведен е висок полициски службеник, објави на Фејсбук министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
-Во голема полициска акција заедно со Американската агенција за борба против наркотици – ДЕА запленета е дрога во вредност од над 800.000 евра, приведен е висок полициски службеник. Продолжуваме заедно со нашите стратешки партнери во неселективна борба против криминалот, напиша Спасовски.
Засега нема други детали за акцијата.