Приведени 19 лица на фестивал во Дојран, кај сите пронајдена дрога

За време на одржувањето на фестивалот „Д фестивал“ во Стар Дојран приведени се 19 лица, соопшти полицијата.

МВР информира дека на 29.06., 30.06. и 01.07.2024, за време на одржување на фестивал во Стар Дојран, полициски службеници ги лишиле од слобода А.С.(29) од Струмица, Д.Ш.(24) од Гевгелија, Ј.Р.(23) од Скопје, К.В.(24) од Куманово, А.А.(32) од Струмица, Д.А.(34) од Скопје, Г.И.(46) од Скопје, Ј.Б.(32) од Гостивар, В.Г.(18) од село Црничани, гевгелиско, Т.П.(18) и К.Ц.(18), и двајцата од село Миравци, гевгелиско, Г.М.(47) од Скопје, Ф.И.(19) од село Удово, валандовско, Б.С.(23) од село Батинци, скопско, Д.З.(23) од Скопје, А.А.(30) од Валандово, Н.А.(18) од Скопје, С.П.(20) од Башино Село, велешко, и еден 17-годишен турски државјанин.

-При преглед кај нив, како и при контрола во возила во кои се превезувале биле пронајдени марихуана, прашкаста материја и таблети. За настаните бил запознаен јавен обвинител, а по нивно документирање против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопшти полицијата.

Претходна вестКрвава пресметка во Батинци: Едно лице загина а друго е повредено
Следна вест„Лајка“ алармира: Од вкупно 10 скопски општини во 2022 година средства ни исплатиле само три