Четири лица се приведени поради извршени грабежи во две одвоени полициски акции спроведени во Кисела Вода.
-На 04.02.2021 полициски службеници од ОКР Кисела Вода ги приведоа Ф.Г. (20) и В.С. (20) од Скопје поради одсновано сомнение дека на 26.01.2021 извршиле разбојништво над З.Ц., доставувач во правно лице и му одзеле пари. Во службениот разговор, приведените го признале делото и против нив ќе биде поднесена кривична пријава, соопшти МВР.
Во другата акција, на 05.02.2021, полициски службеници од ОКР Кисела Вода ги приведоа Е.Д. (21) и Џ.И. (19) поради основано сомнение дека истиот ден извршиле „тешка кражба“ во куќа на ул.„Драга Стојанова“ и украле пари, накит и мобилен телефон. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена кривична пријава.