Поседување дрога е причина за вчерашното приведување на четири лица на скопското подрачје од страна на полицијата.
Вчера попладне, во 14.40 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Драчево ги лишиле од слобода М.С.(19) и В.С.(18), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. Три часа подоцна, полициски службеници на подрачјето на Ѓорче Петров го лишиле од слобода К.Ш.(35) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја.
-Во 21.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Центар, го лишиле од слобода С.К.(38) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана, се наведува во соопштениетона полицијата.
По документирање на случаите, против овие лица него ќе биде поднесен соодветен поднесок.