Приведени четворица кумановци барани со потерница

Четири лица од Куманово, во два одвоени случаи биле приведени во текот на вчерашниот ден, а биле барани со потерница за издржување затворски казни.

– На 12.01.2025 во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода О.Ј.(32), Г.Н.(36) и Ѓ.М.(29) од Куманово, кои биле барани по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна за сторени кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Во вторит случај бил уапсен 32-годишник исто така за издржување казна затвор.

– На 12.01.2025 во 08.40 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода У.З.(32) од Куманово, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од една година за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 од Кривичниот законик, велат од кумановската полиција.

Претходна вестЗатворен за сообраќај патот Гевгелија – Богданци, се излизгала машина за чистење на снег
Следна вестНа Плетвар забрана за движење на камиони